Бидете благодарни дури и за тешкотиите, поразите и лошите луѓе. Преминување на тие препреки е суштинсkиот дел вежбање на аикидо. Неуспех е клуч на успехот; од секоја грешка учиме нешто.

" Патот на борецот е заснован на хуманост, љубов и искреност; суштината на храброста на борецот се одразува во вистинска храброст, мудрост, љубов и пријателство. Нагласување физички видови боречки вештине е безплодно, бидејќи силата на телото е секогаш ограничена."

Во правото будо нема ни противник ни непријател. Вистинското будо е да се биде едно со универзумот, односно да се биде едно со центарот на универзумот. Тајната на Аикидото е во усогласување на нас самите со движењето на универзумот и со пратење на чекор со него. Оној кој ја откил тајната на Аикидото го открил универзумот во се6е и може да каже: "Јас сум универзум."

Секој ден човечкиот живот содржи радост и бес, болка и задоволство. темница и светлина, воздигање и пропаѓање, Секој момент е изкраеиран по величевствената замисла на природата - не се трудете да го смените космичкиот распоред на настаните ниту да му се спротиеставувате.

"Аики не е зафат во борба, или пораз на непријателот. Тоа е пат на соединување на светот и создавање на една фамилија од човештвото... Нема непријатели во Аикидото. Грешка сте ако мислите дека будо (духовно усмерена боречка вештина) значи да имате противник и непријател, да бидете силен и да ги поразите.